Поврзете се со нас

Англија

Лампард потврди дека постои можност еден играч од средниот ред да си оди од клубот

Објавено

на

Тренерот на Челси, Френк Лампард потврди дека еден играч од средниот ред на клубот би можел да си оди до крајот на преодниот рок кој истекува на 5 октомври.

Станува збор за Рубен Лофтус- Чик кој доби минутажа и на почетокот на оваа сезона меѓутоа не импресионираше многу, па во последно не е вклучуван во составот на Лампард.

24 годишниот фудбалер се поврзуваше со заминување од клубот и трансфер во Астон Вила, а сега тоа веројатно и ќе се случи, како што потврди Лампард.

Според Лампард тоа би било само на позајмица, па следната сезона фудбалерот би можел да се врати во клубот од „Стемфорд Бриџ“.

– Јас сум многу отворен со Рубен. Имавме неколку разговори минатава недела затоа што тој е фит и може да игра секоја недела. Тој има потреба да игра често.

– Тој сработи одлична работа и мора да игра натпревари за да остане во форма затоа што претходно не беше во форма по карантинот и продолжувањето на првенството. Постои можност да замине на друго место за да игра повеќе натпревари, мислам дека тоа ќе е добро решение за него.

– Ако не си замине ќе остане со нас и ќе биде конкуренција на другите играчи затоа што знаеме со какви квалитети располага, -изјави Лампард.

Астон Вила, Вест Хем и Саутемптон се заинтересирани да го ангажираат Лофтус- Чик во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни