Лампард одново го предупреди Кепа: Засега не барам голман, но треба да научи….

kepa-frenk

Френк Лампард јавно го прозва Кепа Аризабалага по ремито кое го имаше Челси во дербито со Арсенал, а сега во најавата за ФА купот во „сините“ ќе играат против Хал, менаџерот на лондонскиот тим одново даде свој коментар за формата на најскапиот играч во неговиот тим.

Младиот Шпанец всушност е и најскапиот голман во историјата на фудбалот, а во ситуација кога се појавија шпекулации дека Челси може да бара и нов чувар на мрежата поради лошата форма на Кепа, Лампарди испрати ново предупредување до својот прв избор на голот.

– Засега не барам нов голман и не ми е планот да го правам тоа. Коментарите од надвор немаат влијание врз мене, знам дека постојат секакви коментари, но тоа не допира до мене. Јас го сакам најдоброто за тимот. Кепа е искрен и знае дека направи неколку грешки, грешки кои не чинеа голови. Затоа мора да се подобри и треба да научи да се справува со критиките кои сега ги добива. Таков е фудбалот, без разлика на тоа кој сте, секогаш ќе добивате критики кога не ви оди добро, – порача Лампард.

Facebook Коментари