Поврзете се со нас

Англија

Лампард му одговори на Мурињо: Може да каже што сака…

Објавено

на

Без победник и без голови заврши градското дерби меѓу Челси и Тотенхем во Премиер лигата, резултат со кој гостите се вратија на првото место на табелата.

Ова беше второ дерби во низа на кое Тотенхем не прими гол, остана непоразе, но без разлика на тоа и сегашната позиција на табелата Жозе Мурињо го исклучи неговиот тим од трката за титулата во најсилниот англиски шампионат.

-Ние не сме во трка, не сме ни коњ.  Ние сме малиот, млад коњ – пони. Ние сме само пони, разликата ја гледате, -истакна Мурињо по средбата на „Стемфорд Бриџ“.

Меѓутоа Френк Лампард многу добро го познава Португалецот и сите тие умствени игри, па коментирајќи на неговата изјава менаџерот на „сините“ порача:

-На Жозе е да си каже што гледа од негов агол, но однадвор тие се на врвот на табелата, тесно е на врвот. Ако ние сме кандидати, тогаш и тие се кандидати за врвот. Ако ги имате Хари Кејн и Сон во вашиот тим – Сон има девет гола, Хари седум, тие имаат „чисти мрежи“ заради организацијата на нивниот тим – се очекува да бидат во трката.

-Инвестираа многу – го имаат Герет Бејл кој седи на клупата, Деле Али не е тука. Таму има силен тим. Значи, мислам дека сите се натпреваруваме, но Жозе може да каже како гледа на тоа, -рече Ламапард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни