Англија
Лампард: И сега би потпишал за Челси, забележав…

Челси е далеку од врвот во англскиот фудбал во актуелнава сезона, односно има кампања за заборав ако се земе во предвид дека во моментов е дури во втората половина на табелата со 42 бода (11 место).
„Сините“ вложија многу пари во претходните два преодни рока, беа ангажирани многу играчи, меѓутоа тоа не ги донесе посакуваните резултати. Останува да се види што ќе се случува по крајот на сезонава, летниот преоден рок, но Френк Лампард нема дилеми дека ќе биде многу подобро во иднина, односно тој порача дека денеска без никаков сомнеж би потпишал за Челси (да бил активен) и покрај целиот хаос на „Стемфорд Бриџ“.
-Апсолутно ги потпишал за Челси. Има толку многу добри работи поврзани со овој клуб. Изреката вели дека формата е минлива, а квалитетот е постојан. Забележав фантастични намери за подобрување на клубот. Многу фудбалски гиганти минуваат низ овој процес на некој начин, а што поуспешно го надминете повеќе пехари ќе освоите кога ќе дојде моментот се да наплатите, -вели Лампард и додава:
-Тоа е примамлив предизвик. Најлесно е со падобран да слетате на место каде сè е успешно и средено. Учинокот на домашен терен не е добар. Ниту откако дојдов, ниту пред мене.Човечки е тоа да создаде нервоза меѓу играчите и тренерите. Единствениот начин да се надмине кризата е да се обидете да ги направите вистинските работи. Бев во ситуација во која се сега моите фудбалери. Едноставно, тие треба да ја надминат, -заклучи Лампард.
-
Англијапред 21 час
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 20 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 21 час
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 22 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд