Поврзете се со нас

Англија

Лампард и Аспиликуета убедени дека Челси не добил чист пенал на „Олд Трафорд“ (Видео)

Објавено

на

Челси освои бод на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, но менаџерот Френк Лампард е незадоволен поради една спорна судиска одлука.

Лампард е убеден дека Челси не добил пенал на „Олд Трафорд“, посочувајќи го моментот во кој според него Мегваер направил прекршок над Аспиликуета во шеснаесетникот на Јунајтед.

– Знаеме што е дозволено, а што не во шеснаесетникот. Не ми е јасно зошто ВАР собата на донесе поинаква одлука, а и судијата има монитор за да провери. Мислам дека ако судијата ја погледнеше ситуацијата на мониторот, ќе досудеше пенал, – изјавил Лампард.

На сличен став е и Аспиликуета кој беше дел од дуелот.

– На теренот бев сигурен дека имаше пенал, затоа што почувствував околу вратот и рамената. Дури и да беше ситуација 50-50, не ми е јасно зошто судијата не ја погледна ситуацијата уште еднаш, – потенцирал капитенот на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни