Лампард го издвои најтешкиот противник во кариерата, но посочи уште двајца од кои останал шокиран

lampard-sedi

Френк Лампард одработи опширно интервју за официјалната страна на УЕФА како најава за она што следува утре, односно Суперкуп пресметката во која силите ќе ги одмерат англиските ривали Челси и Ливерпул.

Лампард од пред извесно време ја има улогата на менаџер на Челси и го прифати тешкиот предзивик откако имаше одлична етапа во Дерби Каунти, но покрај тоа што даде свое мислење за сите актуелности во тимот, легендарниот играч за врска се наврати и на годините кои ги мина како професионален фудбалер.

Популарниот Френки долги години важеше за еден од најдобрите светски играчи за врска, а во својата блескава етапа како лидер на Челси, за противници имаше безброј големи ѕвезди од Премиер лигата, но и од останатите лиги. Лампард доби и прашање за тоа кој е најтешкиот противник кој го имал во кариерата, а иако посебно го издвои Меси, менаџерот на Челси не заборави да ги спомене и Чави Ернандез и Андрес Иниеста.

– Морам да ви дадам два одговори, или поточно три. Првиот е Лионел Меси, тој е најневеројатниот играч со кој сум играч. Играњето против него е како да играте против играч кој не е на исто ниво со вас. Покрај него, двајцата играчи кои секогаш ќе ги паметам како најтешки се Чави Ернандез и Андрес Иниеста. Тие играа фудбал пред вас, а проблемот е што не може да им се доближите. Тоа беше фудбал кој не беше нормален за мене. Тоа беше поразлично од сето она што сум го доживеал во кариерата, – потенцира Лампард.

Facebook Коментари