Лампард ефект: Челси убеди голем талент да потпише нов договор

lampard-palec

Челси долго време се обидуваше да го убеди ектра талентираниот Калам Хадсон-Одои да потпише нов договор, а очигледно тоа му успеа на новиот менаџер Френк Лампард.

„Би-Би-Си“ вечерва објави дека Хадсон-Одои прифатил нов, петгодишен договор со лондонскиот клуб, а за истиот ќе добива неделна плата од 100.000 фунти, што е солидна сума за 18-годишен играч кој во моментов е повреден.

Хадсон-Одои нема да се врати на тренинзите пред септември, а со овој потег Челси обезбеди сериозен квалитет во своите редови и конечно ги блокираше обидите на други клубови да го добијат овој фудбалер.

Facebook Коментари