Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лампард е незадоволен: Ова е најтешката ждрепка за нас!

Објавено

на

Тренерот на премиерлигашот Челси, Френк Лампард даде прв коментар за противникот на неговата екипа во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Денешната ждрепка на „сините“ им донесе незгоден противник во името на Атлетико Мадрид, тим кој веќе со години е меѓу најдобрите во Шпанија и Европа.

-Искрено ова е најтешкиот можен ждреб ако се земе предвид моменталната форма, фактот дека тие блескаат во Примера и нивното европско искуство. Работите се како што се. Ние мора да ги прифатиме. Ако сакате да одите до самиот крај, во одреден момент неизбежно ќе имате судир со врвни екипи.

-Тие се најдобриот тим во Шпанија во моментот. Минатата сезона го исфрлија Ливерпул кој во тоа време ја бранеше титулата. Мораме да го сториме она што зависи од нас и пред сè да веруваме дека можеме да поминеме преку нив, -порача стратегот на клубот од Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни