Поврзете се со нас

Англија

Лампард: Абрамович беше тежок, ни се закани дека ќе го избрка цел тим пред клучен меч во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Френк Лампард се уште е без тренерски ангажман по крајот на својата втора етапа во Челси, па слободно време го искористи за да се наврати на успешните денови кои ги имаше како играч на „Стемфорд Бриџ“.

Во разговорот со Гери Невил и Џејми Карагер, Лампард се потсети на шампионската ера додека газда беше Роман Абрамович, односно во првиот дел од таа етапа кога Русинот имал навистина големи барања и бил брутален со ѕвездите.

Легендарниот играч за врска се потсети дека сите играчи добиле закана на два часа пред клучен меч во Лигата на шампионите, четвртфиналето со Манчестер Јунајтед.

– Абрамович беше бесен од резултатот на првиот меч (0:1), па ни се закани на сите на два часа пред мечот на „Олд Трафорд“. Абрамовиќ беше навистина тежок во првите години како газда. Се сеќавам што ни кажа во хотелот на два часа пред мечот.

– Верувате ли дека ќе го добиете овој натпревар? НЕ? Ако е така, многумина од вас нема да бидат тука наредната година. Се сеќавам дека сите бевме како лути деца, сметавме дека не треба да го каже тоа пред така важен натпревар, – открива Лампард.

На споменатиот меч, Челси загуби со 2:1 и со вкупни 3:1 беше елиминиран во четвртфиналето, додека Јунајтед стигна до финалето и таму загуби од моќната Барселона на Пеп Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни