Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ламин не остана рамнодушен на генијалноста која ја изведе и го стави голот против Бенфика на делба на првото место (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ламин Јамал не остава никого рамнодушен со партиите кои ги нуди на 17-годишна возраст, а актуелниот европски шампион продолжува да брилјира на највисока сцена и во Лигата на шампиони.

Талентираниот фудбалер вчера испорача една асистенција до Рафиња за отворање на резултатот против Бенфика, но потоа режираше уште една генијалност, потигнувајќи гол кој е вистинско ремек-дело.

Јамал постигна гол откосо во стилот на Лео Меси и техниката која ја употреби беше навистина импресивна, а дури и самиот остана воодушевен од тоа што го постигна.

– Мислам дека ова е најдобриот гол кој го имам постигнато во дресот на Барса. Овој погодок беше на ниво на оној кој го постигнав против Франција на Европското првенство.

– Секогаш кога излегувам на теренот, го правам тоа со цел да се забавувам со соиграчите. Навистина уживав на теренот, пред натпреварот му реков на Дани Олмо дека посебно сум загреан за реванш пресметките во Лигата на шампиони, – откри Јамал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни