Шпанија
Ламин како Меси и Марадона: Јамал со неверојатна соло-акција потсети на двете аргентински легенди (Видео)

Барселона неочекувано долго се мачеше против Алавес и со доста среќа го скрши отпорот на гостите, а голот на Роберт Левандовски се покажа како доволен за три бода.
Најважната работа за играчите на Барса и тренерот Ханси Флик е победата и намалената разлика во однос на Реал Мадрид, но овој натпревар покрај минималниот триумф, ќе се памети и по една соло-акција на Ламин Јамал.
Младата ѕвезда на Барса беше асистент при клучниот гол кој го постигна Левандовски, но најдобрата акција ја режираше при самиот старт на мечот, кога со неверојатни дриблинзи се ослободи од шест противнички фудбалери.
Јамал потсети на најдобрите денови на Лионел Меси и на некои подалечни времиња кога доминираше Диего Армандо Марадона, па може слободно да се каже дека вистинска штета е што овој напад на Барса заврши без погодок.
Видеото од маестралното движење на Јамал беше проследено и од Ла Лига, што доволно говори дека ова е хајлајт на денот во шпанската елита.
Madness from Lamine Yamal 🔥
(via @FCBarcelona)pic.twitter.com/FvtuY58O6a
— ESPN FC (@ESPNFC) February 2, 2025
Lamine Yamal is UNREAL. 🤯pic.twitter.com/jc0f28rZ2J
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 2, 2025
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)