Поврзете се со нас

Шпанија

Ламин: Имам два поважни сонови за остварување од „Златната топка“

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Ламин Јамал е новото „Златно момче“ во европскиот фудбал и ја доби оваа награда од престижниот „Тутоспорт“, медиум кој традиционално секога година го бира најдобриот млад играч на стариот континент.

Оваа година таа заслуга му припадна на огромниот фудбалски талент на Барселона, кој на свои 17 години успеа да стане европски шампион и да биде еден од клучните играчи за Шпанија на турнирот во Германија.

Поради сите успеси кои ги оствари во изминатите 12 месеци, Јамал често е топ тема на разговор во спортската сфера, а интересно е тоа што заврши осми во поредокот на „Златната топка“.

Откако признанието заврши во рацете на Родри, фудбалерот на Манчестер Сити му се обрати на Јамал и на сцената во Париз му порача дека еден ден таа награда ќе биде во негова сопственост, изјава која ја натера „Марка“ да му постави прашање на Ламин на оваа тема.

– Гордост е што добив такви зборови од Родри. Тој е играч кој е вистински лидер. Неговите зборива прават да бидам уште помотивиран и да работам напорно.

– Сепак, јас не сум опседнат со „Златната топка“. Прво сакам да остварам два други сонови, а тоа се титулата во Лигата на шампиони и титулата на Светско првенство. Ако некој ден ја освојам „Златната топка“ како последица на тимски успеси, тоа би било нависитна убаво, – потенцира Јамал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни