Поврзете се со нас

Шпанија

„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/RCDeportivo

Винисиус Жуниор во последно време имаше неколку неуспешни обиди да го изведе „ламбрета“ дриблингот, а иако истиот е познат како омилен трик на Нејмар, сега оваа техника стана хит во Шпанија поради една лудорија во втората лига.

Натпреварот на двата поранешни прволигаши Малага и Депортиво Ла Коруња донесе магија од страна на најдобриот играч на гостите, кој на полусезоната беше сместен и во најдобриот тим за 2024-та година во Сегунда.

Јеремај Ернандес на вчерашниот меч на „Ла Росаледа“ режирал фудбалска магија која е својствена најчесто за бразилските фудбалери, па со тоа експресно се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност.

Офанзивниот фудбалер на Депортиво хируршки прецизно ја изведе техниката која веќе некое време не му успева на Винисиус, а иако го минал својот ривал, на крајот не добил прекршок за очигледно туркање со раце.

Ова се случило само две минути пред првиот гол на мечот, а истиот бил дело токму на Јеремај за водство од 0:1. Малага до крајот успеала да израмни на 1:1, по што дербито во Втората шпанска лига завршило со поделба на бодовите.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни