Свет
Лам застана во одбрана на германскиот капитен: Верувам во неговата класа

Мануел Нојер е најискусен и највозрасен играч во првиот тим на Германија, а како човек кој честопати знаел да прави главна разлика со своите реакции, сега се наоѓа во ситуација да биде еден од најкритикуваните.
Нојер ја заврши сезоната со Баерн со неколку кикса и лошата форма ја продолжи и на пријателскиот меч со Грција, по што многумина побараа да биде преселен на клупата за резерви.
Дел од германската јавност смета дека Марк Андре Тер Штеген заслужува да добие предност на Европското првенство, но самиот Јулијан Нагелсман отфрли вакво сценарио и посочи дека Нојер и натаму е недопирлив.
Голманот е еден од капитените на Германија и на турнирот на домашно тло ќе влезе со доста поголем притисок од вообичаеното, па неговиот поранешен соиграч Филип Лам почувствува потреба да му испрати поддршка.
– Мануел е извонредно искусен играч и верувам дека во петок на премиерниот меч со Шкотска ќе ја добие поддршката која ја заслужува од цела нација. Тој беше симбол за германскиот тим повеќе од една декада. Јас верувам во искуството на Мануел и верувам во неговата класа, сигурен сум дека тоа важи и за фановите, – изјави Лам.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија24 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија20 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити
-
АТП6 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка