Поврзете се со нас

Светски првенства

Лам со критики за ФИФА за СП во Саудиска Арабија: Големите настани треба да се одржуваат во демократски земји

Објавено

на

foto: x.com/philipplahm

Германската фудбалска легенда, Филип Лам испрати критики на адреса на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за доделеното Светско првенство на Саудиска Арабија во 2034 година.

Некогашниот ас на Баерн Минхем смета дека домаќините на големите натпреварувања треба само да биде демократски земји.

-Важно е големите настани да се одржуваат во демократски земји. Под различни политички околности би го поддржал доделувањето на Светското првенство на Саудијците. Во спортот сме навикнати на демократско одлучување, а во Саудиска Арабија не е така, -истакна Лам на кого не му се допаѓа како течеше процедурата за избор на домаќините и во 2030 година.

-Не беше во ред, како што беше организирано, со еден глас да се доделуваат две светски првенства. Можевте да гласате или за двете или против двете, -вели Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни