Лам одбил голема понуда: Ќе беше полесно да ја освојам ЛШ со нив, но….

filip-lam-smee

Филип Лам одлучи да се повлече од фудбалот многу порано од планираното и во ситуација кога имаше спектакуларни партии на теренот, а иако Карло Анчелоти и сите соиграчи од Баерн се обидоа да го разубедат во таа намера, поранешниот капитен на германската репрезентација остана верен на тоа што го науми.

Лам ги закачи копачките на клин по крајот на сезоната 2016/17 и им остави простор за докажување на помалдите во Баерн Минхен, а неговото место во стартниот тим го зазема Џошуа Кимих кој навистина делува како играч кој има потенцијал да го замени Филип.

Пеп Гвардиола своевремено истакна дека Лам е најинтелигентниот играч со кој соработувал во својата играчка и тренерска кариера, а како човек кој ја мина цела своја кариера во Баерн (со исклучок на две сезони како позајмен во Штутгарт), Германецот открива дека имал една примамлива и голема понуда од Барселона.

– Барселона имаше неверојатно добар тим и сакаше да ме купи. Со нив многу полесно ќе ја освоев Лигата на шампионите, но сепак тоа сакав да го направам со луѓето кои ги знам и со кои играв заедно толку многу години, – открива Лам за „Билд“.

 

Facebook Коментари