Поврзете се со нас

Свет

Лам го посочи најголемиот тренерски квалитет на Гвардиола: Не ви е потребен телевизор во боја за Пеп!

Објавено

на

Пеп Гвардиола вечерва ќе се обиде да испиша историја со Манчестер Сити, бидејќи ќе се обиде своите фудбалери да ги одведе во свое прво финале во најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент.

Со предност од 2:1 по првото полуфинале, Сити ќе брка финале во Лигата на шампионите во пресметката против ПСЖ, а покрај сите најави кои пристигнаа од двата табори, за издвојување е и една колумна на еден поранешен и многу ценет фудбалер од страна на Пеп.

Самиот Гвардиола има нагласено дека Филип Лам е најинтелигентниот фудбалер со кого соработувал во кариерата, па воочи реваншот на „Итихад“, анализата која ја направи легендарниот Германецот за својот поранешен тренер навистина вреди да се прочита.

– Кога гледате тим на Гвардиола, ќе го препознаете дури и ако телевизорот е во црна-бела боја. Не ви е потребно да ја знаете бојата на дресовите, веднаш се познава тимот на Пеп. За да направите нешто такво, мора да работите многу напорно, тоа е фудбалски идентитет, работи да биде супериорен и да биде препознатлив.

– Пеп е човек кој измислува позиции за исклучително добрите фудбалери. Направи Меси да ја измени позицијата за напаѓач, бидејќи знае дека големите натпревари ги решаваат големите играчи. Креативноста која ја има Пеп е најважниот елемент во неговото знаење, неговиот фудбал е радост за секој индивидуалец, – потенцира Лам.

– Сепак, за да ја освоите Лигата на шампионите, потребен ви е и добар ждреб. Во Барселона, Пеп имаше четири или пет играчи кои беа во најдобриот тим во светот, во Манчестер Сити го нема тоа, без оглед на тоа што многу вложи. Ако се гледа според составот, Сити не е главен фаворит, особено кога играчот со специјален талент, Кун Агуеро не е на највисоко ниво поради повредите, – завршува Лам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни