Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лам го издвои тимот кој се наметнува како главен фаворит за финалето во ЛШ

Објавено

на

Foto:instagram.com/philipplahm

Филип Лам е задоволен од прогресот кој го бележи Баерн Минхен под водство на Венсан Компани, но легендарниот десен бек верува дека тимот дополнително треба да напредне за да оствари највисоки цели во Европа.

Славниот германски репрезентативец замина во пензија кога изгледаше дека игра во најдобра форма и таков сличен пример сега повтори Тони Крос, па во период кога има доволно слободно време за да ги анализира случувањата во фудбалот, Лам даде тип и за исходот во Бундеслигата и Лигата на шампиони.

Лам смета дека Баерн Минхен изгледа доволно сериозно за да не дозволи втора титула во низа на Баер Леверкузен, но кога е во прашање финалето во Лигата на шампиони, гледа еден друг изразит фаворит во овој момент.

– Баерн е голем тим и секогаш има шанси да стигне до финалето, а мотивот ќе биде поголем бидејќи истото се игра во Минхен.

– Сепак, во овој момент гледам други тимови со поизгледни шанси. На Ливерпул му давам најголема шанса, изгледаат импресивно од коло во коло, од натпревар во натпревар. Има многу други големи тимови кои покажаа слабост како Манчестер Сити и ПСЖ, Арсенал исто така е многу добар, но со нив секогаш се поставува истото прашање: Дали се подготвени за големите натпревари?, – вели Лам.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни