Лалиќ: Немам образ да зборувам, треба да се затвориме во сала и да…

mzt

Македонскиот претставник МЗТ Скопје серијата на порази во АБА лигата ја продолжи и во новата 2018 година со тоа што сега потклена на домашен терен пред Игокеа.

Серијата на негативни резултати носи и големо разочарување кај играчите, а тоа јасно може да се забележи и од изјавата на центарот Јуре Лалиќ.

-Честитки до Игокеа за победата. Ние имавме проблеми  во скокот, особено тоа се однесува на мене. Немам образ да зборувам, искрено треба да се затвориме во сала, да тренираме до бесвест и да се обидеме да спасиме тоа што се може во наредните месеци, порача искусниот Лалиќ.

Сличен став имаше и тренерот Жељко Лукајиќ.

-Средбата ја загубивме во финишот кога примивме поени по наши ефтини грешки. Мора да ги искорениме овие работи, неодоговорноста пред се. Не фалат играчи, ротација особено на местото плејмејкер каде само го имаме Мавра. Мора да се затвориме во сала и да работиме, -порача Лукајиќ.

Facebook Коментари