Поврзете се со нас

Англија

Лалана со пофалби до својот поранешен клуб: Тие се сензационални во една работа

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега член на Брајтон, Адам Лалана синоќа беше гостин во студиото на „БиТи Спорт“ каде даваше стручен коментар за натпреварот помеѓу Митјиланд и Ливерпул.

Ливерпул на оваа средба со изменет состав славеше со 2:0, а еден од стрелците на головите беше новото засилување, Диого Жота.

Жота одлично се снаоѓа во новата средина каде пристигна во летниот преоден рок, а Лалана го пофали регрутерскиот тим на клубот кој знае кој играч да го привлече.

– Регрутерскиот тим е апсолутно сензационален. Жорта ја оправда довербата досега, веројатно тоа и ќе продолжи.

– Кога јас прв пат се приклучив на Ливерпул ми беше многу тешко. Ми требаше година или 18 месеци за да се адаптирам на начинот на кој Жота се адаптира веднаш во тимот, -изјави Лалана.

Диого Жота пристигна во Ливерпул од редовите на Вулверхемптон, а пред почетокот на сезоната многу од фудбалските критичари го посочија неговиот трансфер како клучен во битката за титулата на Ливерпул.

До трансферот на Жота многумина поголеми шанси за освојувањето на титулата во Премиер лигата му даваа на Манчестер Сити, но по изненадувачкиот трансфер кој се реализира во краток период Ливерпул сега е фаворит за одбранување на титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни