Светски првенства
Лалана: Сака мора да го копира „несериозното“ однесување на Меси

Дуелот на Кајл Вокер и Килијан Мбапе е топ тема на медиумите во пресрет на мундијалското четвртфинале меѓу Англија и Франција, но јасно е дека истиот може да остане во сенка на учинокот на некој од другите фудбалери на теренот.
Поранешниот англиски репрезентативец, Адам Лалана, во својата најнова колумна испрати порака до Букајо Сака и англискиот селектор Герет Саутгејт. Главната поента е дека Сака мора да се штеди во дефанзивната фаза, за да може да ги казни Французите со контрите, кои се негово најсилно оружје.
– Иако изгледа дека Меси не работи дефанзивно како соиграчите, тој го користи времето за снимање и скенирање. Потоа, кога ќе ја добие топката, тој е посвеж од останатите и може да испорача некоја магија.
– Можеби оди најмногу, делува несериозно и незаинтересирано, но затоа има и најмногу информации, можеби е најпаметниот фудбалер во историјата.
– Некој ќе каже дека не трча премногу, но и Сака не смее да се враќа премногу и во секоја ситуација да му помага на Вокер во покривањето на Мбапе. Ако го прави тоа, ќе биде премногу назад и нема да може да ги искористи контрите како важно оружје. Очигледно е дека Сака ќе има клучна улога за Англија на двете страни од теренот, а неговата смиреност во офанзивниот дел е неверојатен за толку млад фудбалер, – пишува Лалана.
-
Светпред 20 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти