Лалана откри кои зборови ги употребува Клоп кога комплетно ќе збесне

klopp-lalana

Адам Лалана не беше во можност да им помогне на своите соиграчи во досегашниот тек на сезоната поради незгодната повреда која ја заработи во летните подготовки, но бидејќи во овој момент работи во полна пареа и 100-процентно ги одработува тренинзите на Ливерпул, за очекување е негово враќање на натпреварот кој „црвените“ го играат наредниот викенд.

Ливерпул на домашен терен го пречекува Саутемптон во меч кој би требало да значи враќање на Лалана на фудаблските терени, а пред истиот, англискиот репрезентативец откри интересна анегдота за својот менаџер Јирген Клоп кој во последно време се најде под голем притисок на јавноста во Англија.

– Едноставно има моменти кога тој сака да го користи мајчиниот јазик. Тоа особено се изразува кога е комплетено бесен. „Еб… сакам да ти зборувам на германски“ се зборовите кои најчесто ги изустува кога е бесен. Неговиот англиски е навистина одличен, јас разбирам се што сака да каже, но кога е фрустриран, очигледно најдобро знае да се изрази на мајчиниот јазик. Навистина уживам во соработката со него, знае да ти каже кога си добар, но и кога грешиш. Прегратките кои ни ги дава, исто така се оригинални и одлика за неговата човечност, – вели Лалана.

Facebook Коментари