Лакрабер позираше со дресот на својот иден клуб (Фото)

lakraber

Француската ракометна репрезентативка Александра Лакрабер дефинитивно потврди дека по крајот на сезоната ќе се раздели со македонскиот првак Вардар, а нејзина следна дестинација ќе биде францускиот клуб Флери.

Актуелната пауза и присуството на Лакрабер во својата земја, Флери го искористи за денеска да ја претстави како свое големо засилување за следната сезона, а тоа го направи пред дуелот од домашното првенство против Иси.

Лакрабер позираше со дресот на својот иден тим, а денеска и официјално го потпишала договорот со Флери.

lacraber-fleri1

Facebook Коментари