„Лаки лузерот“ Сепи го сопна Зверев во осминафиналето во Ротердам

seppi-ao

Александар Зверев е уште еден високо поставен носител и фаворит за висок пласман кој го заврши настапот во почетните рунти на турнирот во Ротердам.

Шок на Германецот му приреди Андреас Сепи кој го доби мечот од второто коло или осминафиналето со 2:0 во сетови, иако до овој меч дојде како „лаки лузер“, односно загуби во финалето во квалификациите, но подоцна сепак обезбеди место на главниот дел од турнирот по откажувањето на настапот од Цонга.

По сетови со 6:4 и 6:3, Италијанецот ги користеше грешките и видливата нервоза кај Зверев и веќе се најде во четвртфиналето каде за противник го очекува подобриот од мечот меѓу Медведев и Ерберт.

Facebook Коментари