Лајпциг се раздели со тренерот Хазенхутл

hazenhutl

Германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг следната сезона ќе биде воден од нов тренер, откако досегашниот Ралф Хазенхутл заминува од својата позиција.

Двете страни постигнале заеднички договор за прекинување на соработката, а главна причина се недоразбирањата околу новиот договор кој требаше да биде потпишан со австрискиот стручњак.

Раководството на клубот не било задоволно и од резултатите постигнати последната сезона, во која Лајпциг заврши на шестото место во германското првенство.

Facebook Коментари