Поврзете се со нас

Германија

Лајпциг се пофали со рекорд поставен во Мадрид, обезбедил незаборавно патување за 15 фанови

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Елиф Елмас и неговите соиграчи не успеаја да го шокираат Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но РБ Лајпциг остави навистина добар впечаток со својот настап против најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

Денеска, германскиот клуб дополнително се пофали со уште еден важен податок, а тоа е рекордната посетеност на гостински фанови на стадионот во Мадрид.

Бундеслигашот истакна дека во Мадрид имал поддршка од точно 4.250 фанови, бројка која досега не била достижна за Лајпциг на гостувањата во Европа и за која искрено се заблагодари на својата фан база.

Дел од благодарноста е покажана и на дело, со фактот што 15 навивачи на РБ Лајцпиг добиле можност да се враќаат во Германија со клупскиот автобус.

Штрајковите на аеродромите придонеле за многу откажани летови, па дел од фановите кои требало да заглават во Мадрид, ја прифатиле понудата да патуваат со автобусот во кој била сместена опрема и багаж на екипата. Патувале 30 часа со трансфер преку Франција, но на крајот ќе можат да го гледаат во живо и следниот дуел на Лајпциг, овојпат во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни