Поврзете се со нас

Германија

Лајпциг го презема врвот пред „Дер Класикер“, Чурлинов доби минимална минутажа (Видео)

Објавено

на

Ред Бул Лајпциг е сериозен во намерата да му ги помати сметките на Баерн Минхен, бидејќи составот предводен од Нагелсман стигна и до шестата последователна победа во Бундеслигата, со која изби на врвот пред големото дерби кое следи денеска на програмата.

Во „Дер Класикер“, силите ќе ги одмерат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд на „Алијанц арена“, голема пресметка пред која Лајпциг си ја заврши својата задача и рутинирано славеше на гостувањето кај Фрајбург.

Нкунку и Сорлот беа стрелци на головит за 0:2, а конечните 0:3 беа поставени после фантастична акција меѓу Сорлот и Форсберг кој прецизно стрелаше од работ на шеснаесетникот.

Во натпреварите од 15:30 часот, бодовите ги поделија Ајтрахт Франкфурт и Штутгарт, натпревар на кој во самата завршница шанса доби нашиот Чурлинов по пауза од 50 дена.

Младиот Македонец влезе во играта во 87-та минута, што за него беше прва минутажа по натпреварот со Арминија Билефелд на 20-ти јануари. Инаку, Штутгарт дојде до водство со голот на Калајѓиќ, а Костиќ израмни на 1:1.

На останатите средби во Бундеслигата, Баер Леверкузен победи кај Менхегладбах со 0:1, Херта го победи Аугзбург со 2:1, а со истиот резултат Хофенхајм беше подобар од Волфзбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни