Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лајпциг без Елмас до прва победа во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/RBLeipzig

Германскиот прволигаш РБ Лајпциг дури во седмиот натпревар дојде до првите бодови и првата победа во оваа сезона во Лигата на шампионите.

„Биковите“ во меч кој за нив немаше никакво значење славеа над португалскиот претставник Спортинг со 2-1. Домаќините го отворија резултатот со голот на Шешко во 19 минута на асистенција на Раум.

Потоа бундеслигашот постигна уште еден гол ама по беше поништен поради офсајд со помош на ВАР за да во 75 минута најопасниот гостински играч Ѓекереш стрела за 1-1. Меѓутоа избраниците на Розе веднаш возвратија и во 78 минута преку Полсен дојдоа до ново водство кое на крајот се покажа како пресудно за освојување на целиот плен на ова соочување.

Нашиот Елиф Елмас не доби шанса за настап и на овој натпревар.

На вториот меч во истиот термин Шахтјор беше подобар од Брест со 2-0. Трите бода ги донесоа Кевин и Судаков со удар од белата точка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни