Поврзете се со нас

Германија

Лајпциг активира откупна клаузула за фудбалер на Атлетико Мадрид

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Бундеслигашот РБ Лајпциг ќе му овозможи посакуван профит на Атлетико Мадрид уште во зимскиот преоден рок и тоа со активирање откупна клаузула за еден фудбалер.

Се работи за талентираниот Артур Фермерен, кој на почетокот на сезоната дојде на заем во германскиот состав, кој сега решил дека видел доволно од неговите квалитети за да ја плати бараната сума од шпанскиот ривал.

Атлетико треба да добие 20 милиони евра за трансферот, а зелено светло за вакво сценарио дал Диего Симеоне, кој очигледно смета дека Фермерен не е неопходен во неговиот тим наредните сезони.

Лајпциг само за заемот платил 3 милиони евра, па со вкупната сума Атлетико ќе оствари профит од 5 милиони евра за само една година.

Фермерен дојде во Шпанија од редовите на Антверпен во јануари 2024 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни