Поврзете се со нас

Шпанија

Лахоз распали по Мансано за судискиот скандал кој го режираше на „Месталја“

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCD_Mallorca

Матеу Лахоз се пензионираше на крајот на минатата сезона и се повлече како најдобар шпански судија во тој момент, но сега поранешниот арбитар е загрижен од квалитетот на судиите кои ја делат правдата во Ла Лига, особено после скандалот кој изби на „Месталја“.

Хил Мансано одеше по некои свои уверувања и реши да ја прекине последната акција на Реал Мадрид која заврши со гол, па така „кралевите“ останаа без победа во Валенсија и покрај тоа што Џуд Белингам ја погоди мрежата на Мамардашвили.

Една секунда претходно, Мансано означи крај на мечот и дербито заврши 2:2, а за да биде уште понеобично, главниот судија претходно ја прекина и последната опасна акција на Валенсија на крајот на првиот дел.

Мансано цели 11 години е дел од шпанската елита и важи за еден од најелитните судии на Пиринеите, па затоа Лахоз е сериозно критичкии настроен кон Хил поради пропустот кој го направи.

– Во последно време, судиите се водат по тоа што им се кажува на состаноците, а не се насочуваат кон фудбалската природа. Се обидуваат да следат некои чудни насоки и навистина ме загрижува што човек кој 11 години е дел од шпанската елита и кој ќе биде наш претставник на Европското првенство, прави грешка која е системска.

– Тајмингот кој го одбра беше ужасен, истото го направи на штета на Валенсија и во првото полувреме. Според мене, до вакви ситуации се доаѓа кога има премногу его. Направи грешка која алудира на непознавање на фудбалската игра, – потенцира Лахоз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни