Лахоз не сакаше да досуди пенал, фановите со видео го објаснија неговото однесување на „Сан Сиро“ (Видео)

lahoz

Италија и Шведска одиграа без голови во Милано, а на крајот на овој резултат му се радуваа гостите кои ја искористија предноста заработена на првата средба, со чија помош се пласираа на СП во Русија.

Натпреварот беше одбележан и со неколку спорни ситуации, поточно најмалку четири контроверзни моменти во кои судијата Матеу Лахоз одлучи да не досуди пенал на двете страни. Италијанците два пати играа со рака, а Швеѓаните два пати стартуваа сомнително во својот шеснаесетник, но Лахоз постојано одмавнуваше и како да не сакаше да досуди пенал по никоја цена. Тоа беше инспирација за фановите на социјалните мрежи, а едно видео најдобро го отсликува однесувањето на шпанскиот судија.

Facebook Коментари