Поврзете се со нас

Германија

Лацио во напредни преговори за фудбалер на Баерн Минхен

Објавено

на

foto:x.com/OfficialSSLazio

Лацио планира неколку освежувања за тимот во зимскиот преоден рок, а во моментов е најблиску до промоција на досегашен играч на Баерн Минхен.

Римскиот клуб е во напредни преговори за заем на Аријон Ибрахимовиќ, 19-годишен фудбалер кој очекувано не може да се надева на голема минутажа во актуелниот тим на Баварците.

Крилниот напаѓач со славно презиме е роден во Германија и ги помина најголем дел младински категории во Баерн, пред да добие шанса во сениорскиот тим, а досега веќе настапуваше во Италија.

Минатата сезона Ибрахимовиќ беше позајмен во Фрозиноне, а сега Лацио е тимот кој ќе се обиде да го искористи неговиот талент за вториот дел од сезоната.

Баерн наводно се согласил и на опција за откупување на договорот, што би значело и сума од околу 10 милиони евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни