Поврзете се со нас

Италија

Лацио со сигурно издание им се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Екипата на Лацио ја забележа втората победа под водство на Игор Тудор во Серија А, победа над Салернитана од 4-1.

Лацијалите во претходната рунда беа поразени од градскиот ривал Рома, седмица во која загубија и од Јувентус во Купот, па вечерашниот триумф му беше повеќе од потребен на составот од италијанската престолнина.

Веќе по 14 минути игра домаќините водеа со 2-0 со погодоците на Фелипе Андерсон и Весино, но гостите набрзо одговорија преку Чауна кој намали на 2-1.

Меѓутоа во 35 минута Андерсон со својот втор гол зголеми на 3-1, резултат кој беше активен до 87 кога нововлезениот Исаксен стави точка на „Олимпико“.

Со 49 бода Лацио е на 7 место на табелата, Салернината со 15 го држи фенерот во Калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни