Поврзете се со нас

Италија

Лацио се засили со играч кој ја минал школата на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/OfficialSSLazio

Лацио гради нова екипа под водств на Марко Барони, доведени беа неколку нови имиња, а денеска е потврдено уште едно засилување и офанзивец од Нигерија.

Нов член на клубот од Рим е 23-годишниот Фисајо Деле-Баширу кој доаѓа од турски Хатајспор. Тој е играч кој ја минал школата на премиерлигашот Манчестер Сити по што минал неколку години во Шефилд Венздеј од каде во 2023 година заминува во Турција.

Минатава сезона ја заврши со 9 голови и 6 асистенции на 39 натпревари.

Инаку се работи за позајмица со опција за откуп ако се исполнат одредени услови. Информациите велат дека заемот ќе изнесува 2 милиони евра, а за да се се компелтира трансферот Лацио ќе мора да доплати уште 4 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни