Поврзете се со нас

Италија

Лацио се откажа од „Ер Лотито“ по само една година

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Лацио се откажа од употреба на брендиран авион за своите потреби само една година откако го претстави ова „засилување“.

Авионот кој Италијанците го нарекоа „Ер Лотито“ по претседателот на клубот кој се чини беше најсреќен за овој потег, го чинеше Лацио 150.000 евра само за брендирање, но „бјанкоцелестите“ нема да сметаат на него на годинешните гостувања.

Лацио не успеал да се договори со бугарската компанија, сопственик на модифицираниот Боинг 737-300, па договорот за соработка нема да биде продолжен.

Римскиот клуб имаше ретка можност да користи приватен авион за своите летови низ Италија и Европа, но оваа предност ќе биде загубена со прекинување на соработката.

Лотито беше критикуван за ангажирањето на авионот, бидејќи тоа се случи во ист период кога бараше од фудбалерите да прифатат пониски плати поради кризата предизвикана од пандемијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни