Поврзете се со нас

Италија

Лацио се ослободува од играчот кој јавно побара да го напушти клубот

Објавено

на

foto:twitter.com/_Pedro17_

Италијанскиот прволигаш Лацио минува низ турбулентен период кој дефинитивно ќе донесе доста промени во клубот почнувавајќи од тренерската позиција, па до играчкиот кадар.

Игор Тудор е веќе минато и клубот е во потрага по нов тренер кој би требало да биде Марко Барони. Меѓутоа додека се затвара ова прашање калчолигашот е на добар пат да се ослободи од играчот кој јавно побара да си замине од Лацио икао има договор во 20 јуни 2027 година.

Се работи за Луис Алберто кој од 2016 година е дел од тимот, но тука ќе заврши приказната со тоа што онаа на играчот ќе продолжи во Катар. Се работи за Ал Духаил кој ќе плати 11 милиони евра (плус бонуси) за Шпанецот, сума која е далеку од онаа првичната која ја бараше Лацио од 25 милиони евра.

Се е договорено и се очекува Алберто да летне во новиот клуб и го комплетира трансферот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни