Поврзете се со нас

Италија

Лацио се огласи и испрати јасна порака за иднината на Сари

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио има турбулетна сезона во која екипата има проблеми пред се во домашниот шампионат каде на 11. кола до крајот е дури на 9. место на табелата, позиција која не води во европските купови во следната сезона.

Токму овие резултати плус елиминацијата од Баерн Минхен во Лигата на шампионите беа основа за медиумите да посочат дека Сари ќе си замине од Рим по крајот на сезоната.

Ова пак донесе директна реакција од клубот кој се огласи со кратко соопштение во кое пораката е јасна кога е во прашање иднината на 65-годишниот стручњак од Неапол.

Имене од Лацио порачаа дека информациите, гласините се неосновани, не се точни и дека Сари ја има максималната поддршка притоа потенцирајќи го неговиот договор кој е со важност до 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни