Поврзете се со нас

Италија

Лацио се избори за прва победа со пресврт, Рома ремизираше на Сардинија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialSSLazio

Неделната програма во Серија А беше затворена со настапи на двата римски клуба, со тоа што Лацио играше против Венеција, а Рома гостуваше на Сардинија кај Калјари.

Натпреварот на „Олимпико“ почна лошо за Лацио и гостите од Венеција поведоа со одличен гол на Андерсен, но фаворитот брзо реагираше, иако будењето го предизвика стоперот на гостите.

Една голема грешка резултираше со лесен гол на Кастелјанос за 1:1, а до крајот на првиот дел Лацио направи пресврт со гол од пенал. Закањи беше прецизен реализатор на најстрогата казна, па водството од 2:1 му овозможи на Лацио да игра опуштено и во вториот дел.

Точка на натпреварот стави Алтаре со автоголот во својата мрежа, па така Лацио отвори според планот и ги освои првите бодови во новата сезона.

Тоа не може да се каже за Рома која одигра 0:0 против Калјари, меч на кој најголемите возбудувања ги видовме во последните 10 минути. Артем Довбик ја погоди гредата, со иста мера одговори и Разван Марин од редовите на Калјари, додека потоа му беше поништен гол на Пелегрини поради минимален офсајд.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни