Италија
Лацио сака да донесе двајца играчи во завршницата на овој преоден рок

Италијанскиот прволигаш Лацио ќе се обиде да затвори две трансфер операции во самата завршница на зимскиот преоден рок.
Лацијалите досега беа мирни на пазарот и само го испратија Тома Башиќ на позајмица во Салернитана, но сега медиумите на Апенините најавуваат дека клубот ќе биде активен и ќе се обиде да ги засили своите редови со две имиња.
Составот од „Олимпико“ сака да го доведе подзаборавениот Федерико Бернардески од Торонто. Самиот играч сака да се врати дома, подготвен и да се откаже од дел од платата за да се реализира ова сценарио.
Другиот фудбалер е 23-годишниот Николо Камбијаги кој е член на Аталанта, ама е позајмен во Емполи. „Бјанкочелестите“ понудиле 8 милиони евра, ама Аталаната истата ја одбила и сака поголема сума за да го пушти офанзивецот во ривалот од Серија А.
Четата на Сари со 33 бода е на 6. место во Калчото, а во исто време напредува и во Купот каде обезбеди место во полуфиналето.
-
НБА21 час
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Маскерано за ставот на Роналдо дека е „GOAT“: Го почитувам…