Поврзете се со нас

Италија

Лацио продолжи да тоне, Удинезе го освои „Олимпико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Лацио игра лошо во последно време, а тоа вечерва го искористи и Удинезе кој успеа да слави на „Олимпико“ со 2-1 во последната средба од 28. коло во Серија А.

Ова за лацијалните беше трет пораз во низа во Калчото, четврти на последните пет средби што јасно говори за формата на избраниците на Сари.

Трите гола на вечерашниот меч паднаа во второто полувреме, Лука во 47 минута ги донесе гостите во водство.

Домаќините брзо се вратија во игра со автоголот на Џанети во 49, ама веќе во 51 минута беше 2-1 за „зебрите“ благодарение на Зарага.

До крајот немаше голови, само еден црвен картон во редовите на Удинезе кој го заработи Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни