Поврзете се со нас

Италија

Лацио потврди дека Тудор поднел оставка

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио со официјално соопштение вечерва потврди дека Игор Тудор веќе не е тренер на членот на Серија А.

Денеска беше најавено, а сега и потврдено дека хрватскиот стручњак ќе замине по само три месеци на кормилото на римскиот клуб, а во соопштението е наведено дека Тудорд поднел оставка.

Причините очигледно се различните визии на тренерот и раководството на клубот во пресрет на летниот преоден рок, при што се наведени неколку случаи во кои Тудор и екипата на Лотито имале различен став околу продажба, односно задржување на дел од играчите.

Тудор наредниве денови ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објасни причините за оставката, а дотогаш ќе останат шпекулациите на италијанските медиуми.

Хрватот го замени Маурицио Сари во вториот дел од сезоната и имаше позитивни резултати со Лацио, а засега е нејасно какво решение ќе донесе раководството за ангажирање на нов тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни