Поврзете се со нас

Италија

Лацио остана без двајца значајни играчи за дербито со Аталанта

Објавено

на

foto: x.com/_Pedro17_

Лацио со триумфот над Лече од 2-1 ги залечи раните од тешкиот пораз од Интер (6-0), но оваа календарска година не е завршена за клубот од Рим кого го очекува тежок испит за крај на 2024, соочување со лидерот Аталанта.

Таа средба е закажан за 28 декември на „Олимпико“ од 20:45 часот, средба за која тренерот Марко Барони нема да може да смета на две значајни имиња.

Имено лацијалите остануваат без Педро Родригез и Тиџани Нослин кои му се приклучија на Матијас Весино на листата на повредени.

Искусниот Шпанец ќе биде во аут неколку седмици и како што стојат работите ќе мора да го скокне и градското дерби со Рома, додека пак за Нослин оваа година е завршена, ама би требало да биде фит за соочувањето со „волчицата“ закажано за 5 јануари.

Со вкупно 34 бода „бјанкочелесите“ се на петтото место на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни