Поврзете се со нас

Италија

Лацио незадоволен од судиите, Лотито не дозволил контакт со медиумите по поразот од Јувентус

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио вчера загуби на гостувањето кај Јувентус, а гостите очигледно не биле задоволни од одредени одлуки на главниот судија Фабио Мареска.

Најспорниот момент на средбата беше евентуалното излегување на топката во аут во акцијата за првиот гол, откако судиите и ВАР собата проценија дека Вестон МекКени сепак спречил таа целосно да излезе од теренот.

Во редовите на Лацио имале и други замерки за Мареска, па по натпреварот Маурицио Сари и фудбалерите добиле забрана за појавување пред медиумите од страна на претседателот Клаудио Лотито.

Фановите не можеа директно да слушнат што мисли Сари за натпреварот и евентуалните критики за судењето, но новинарите нема да пропуштат да ги постават овие прашања на прес-конференцијата за дуелот од Лигата на шампионите против Атлетико.

Лацио досега има три порази и победа само против шампионот Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни