Поврзете се со нас

Италија

Лацио не успеа да му помогне на Беневенто, Торино обезбеди бод за опстанок

Објавено

на

Торино го преживеа гостувањето кај Лацио и со ремито без голови избори опстанок во Серија А.

Лацио влезе мотивирано на заостанатиот натпревар од италијанското првенство, откако очекувано тренерот Симоне Инѕаги се обиде да му помогне на својот брат Пипо и да ги задржи шансите за опстанок на Беневенто барем до последното коло.

Римскиот клуб доминираше против внимателниот Торино, имаше неколку добри шанси, а најголемата ја пропушти најдобриот стрелец Чиро Имобиле.

Во 84. минута Имобиле не реализираше пенал откако истиот беше досуден за прекршок над него, но фудбалерот на Лацио го погоди само дирекот и не успеа да го совлада Сиригу.

Со денешниот бод од ремито 0:0, Торино има четири бодови повеќе од Беневенто во пресрет на меѓусебниот дуел во последното коло, што значи дека Беневенто им се приклучи на Кротоне и Парма како нови членови на Серија Б.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни