Поврзете се со нас

Италија

Лацио назначи искусен стручњак кој нема водено ниту еден голем клуб (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/HellasVeronaFC

Иако се чинеше дека Лацио доби тренер на долг рок со ангажманот на Игор Тудор пред три месеци, на крајот оваа врска испадна многу пократка од тоа што можеше да се замисли, па така Хрватот демонстративно го напушти Рим во немоќ да пронајде заеднички јазик со првиот човек Клаудио Лотито.

Претседателот на Лацио остана изненаден од односот на Тудор и без многу размислување му дозволи да си замине, а сега реши да му се довери на искусен стручњак со богато фудбалско резиме во Италија.

Лацио денеска ги потврди шпекулации кои кружеа веќе неколку дена и соопшти дека Марко Барони е нов тренер на првиот тим, па искусниот стручњак за цел ќе има да го врати тимот во мирни води.

Тимот од италијанската престолнина влезе во бура по заминувањето на Маурицио Сари и невремето продолжи и по крајот на сезоната, а реално гледано, тифозите на клубот не се премногу задоволни од најновиот избор.

Барони набрзо ќе полни 61 година и последно ја водеше Верона која ја спаси од испаѓање, а претходно беше тренер на Пескара, Новара, Беневенто, Фрозиноне, Кремонес, Реџина и Лече.

Тифозите на Лацио сметаат дека амбициите на Лотито не се совпаѓаат со традицијата која ја има Лацио како клуб, па за овој викенд се закажани протести против првиот човек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни