Италија
Лацио ќе остане без орелот кој беше гордост за домашните фанови на „Олимпико“

Италијанскиот клуб Лацио го отпушти човекот задолжен за нега и дресура на орелот Олимпија, кој е заштитен знак на клубот и вистинска гордост на фановите на „бјанкоцелестите“.
Хуан Бернабе ја загубил работата откако локални римски медиуми откриле дека објавувал контроверзни фотографии на социјалните мрежи, па Лацио решил да прекине секаква соработка со него.
Шпанецот се пофалил дека вградил имплант на својот полов орган и дополнителни детали за позитивните аспекти на зафатот, нешто што не наишло на добар прием кај челниците на клубот.
– Клубот е свесен за болката која ќе ја предизвика отсуството на орелот на стадионот, но невозможно е да го поврзуваме нашиот клупски симбол со таков човек, – стои во соопштението на Лацио.
Бернабе и претходно имаше проблеми со калчолигашот, откако во 2021 година беше суспендиран поради извикување пароли кои го величат фашистичкиот лидер Бенито Мусолини.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)