Поврзете се со нас

Италија

Лацио ја прифати оставката на Сари и соопшти кој ќе го води тимот до крајот на сезоната (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

На Клаудио Лотито му беше потребно подолго време за да ја процесира одлуката која ја донесе Маурицио Сари, па така Лацио еден ден подоцна ја прифати оставката која ја поднесе искусниот стручњак.

Носен од емоциите и лошата форма на тимот, Сари реши да си поднесе неотповиклива оставка и уште вчера си заминал од тренинг центарот на „лацијалите“, а клубот дури денеска информираше за целата оваа ситуација.

Клубот од Рим се соочи со реалноста и ја прифати оставката на Сари, но воедно најави дека до крајот на сезоната првиот тим ќе биде воден од досегашниот помошник на Маурицио.

– Лацио соопштува дека Маурицио Сари поднесе оставка од тренерската функција во првиот тим. Клубот му се заблагодарува на тренерот за сите постигнати резултати и сработеното, и му посакуваме се најдобро во иднина.

– Воедно, клубот ја известува јавноста дека техничките одговорности за првиот тим ќе ги преземе Џовани Мартушело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни