Поврзете се со нас

Италија

Лацио ја постави цената за Милинковиќ- Савиќ и ги стави на готовс заинтересираните клубови

Објавено

на

Неодамна, спортскиот директор на Лацио, Игли Таре истакна дека од самиот фудбалер зависи дали тој ќе остане во клубот или не.

Оваа изјава најмногу се однесуваше на Сергеј Милинковиќ- Савиќ кој долго време се поврзува со заминување од клубот.

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито не сакаше да чуе за продажба на српскиот фудбалер од средината на теренот за сума помала од 120 милиони фунти, но сега поради кризата предизвикана од коронавирусот, неговата цена драстично опадна.

Имено, како што пренесуваат италијанските медиуми, Лацио ќе се согласи да го пушти Милинковиќ- Савиќ да си замине за сума не поголема од 80 милиони фунти.

Ова е прифатлива понуда за заинтересираните клубови за фудбалерот од средниот ред кој има 25 години и уште долго може да игра врвен фудбал.

За Србинот во моментов најзагреани се ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а неговиот следен клуб би можел да зависи и од судбината на Пол Погба кој исто така се поврзува со трансфер во Реал Мадрид и ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни