Поврзете се со нас

Лига Европа

Лацио испорача дефиниција за убиствена контра: Слалом на Тавареш и ремек-дело на Педро (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/official_sslazio

Навивачите на Лацио жестоко протестираа кога клубот го ангажираше Марко Барони на стартот на летото, но неколку месеци подоцна, тифозите од италијанската престолнина мораа да си ги повлечат зборовите и почнаа да му оддаваат признание на искусниот стручњак.

Поранешниот тренер на Верона брзо ја примени својата методологија во Лацио и излезе дека фудбалерите порано од очекуваното ја прифатија неговата филозофија, а добрите резултати од Серија А се надополнети со извонредни партии и во Европа.

Доказ за тоа е вечерашниот дерби меч кој се одигра во Амстердам, каде Лацио како гостин ја освои „Јохан Кројф арена“ и славеше со 1:3.

Италијанците поведоа со голот на Чауна во 12-та минута, Ајакс се врати во второто полувреме Траоре, но Деле-Баширу брзо ја врати позитивата за гостите.

По вториот гол на неговиот тим, Барони во игра го стави и Тавареш, а токму левиот бек ја иницираше убиствената контра која заврши со блескава завршница на ветеранот Педро.

Шпанецот продолжува да воодушевува на 37-годишна возраст, па така денеска уште еднаш демонстрираше перфектен финиш со својата послаба лева нога.

Контрата погледнете ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни