Поврзете се со нас

Италија

Лацио информираше дека договорил играч на Арсенал, води преговори и со отпишаниот напаѓач на Јунајтед

Објавено

на

Foto:instagram.com/nuno_tavares71

Лацио планираше да направи коренити промени во тимот со Игор Тудор како тренер на првиот тим, но откако оваа етапа прерано заврши, Клаудио Лотито му се довери на искусниот Марко Барони.

Римскиот клуб планира да го освежи тимот ова лето со неколку млади фудбалери кои сакаат да се докажат на највисока сцена, а како најдобар пример по кој се водат е Матео Гендузи.

По одличните изданија на повремениот француски репрезентативец, Лацио сега повторно пикираше играч со премиерлигашко искуство, односно го договори Нуно Тавареш кој е прекуброен кај Микел Артета.

Левиот бек е пред промоција на „Олимпико“ и тоа го потврди спортскиот директор на Лацио, кој исто така откри дека клубот се уште преговара со Манчестер Јунајтед за Мејсон Гринвуд.

– Постигнавме договор со Арсенал и сега преостанува да се договориме само со играчот. Бидејќи сум суеверен, се уште нема да кажам дека е играч на Лацио, но на добар пат е да стане, – изјавил директорот Маријано Фабијани.

– Гринвуд? Преговаравме со Јунајтед и минатата година и се уште сме во контакт со нив за напаѓачот. Има некои незгодни потези и од други клубови кои се заинтересирани за него, па ќе видиме што ќе се случи, – посочил Фабијани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни